15 возачи управувале нерегистрирани возила, а 14 управувале возило без возачка

Од:

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на вчера во периодот од 14 до 22 часот спроведе акциска контрола за санкционирање возачи кои ги кршат сообраќајните правила.

Преземени се вкупно 139 мерки против возачи на моторни возила и задржани се 40 сообраќајни дозволи под сомнение за техничка неисправност (зголемена бучавост и непрописни фолии) и истите се упатени на вонреден технички преглед.

Исто така констатирано е дека 15 возачи управувале нерегистрирани возила, 14 возачи управувале возило без возачка дозвола, шест возачи управувале возила без соодветна категорија на возачка дозвола, 24 возачи управувале моторцикл без заштитен шлем, а санкционирани се и други прекршоци.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски