Уставен в среда ќе одлучува дали обвинетите на СЈО кои го оштетиле буџетот може да добијат пониски казни

Од:

Уставниот суд на седница закажана за среда 27 март ќе одлучува дали да поведе иницијатива за оценка на уставноста на членот 353 став 5 од Кривичниот законик, кој се однесува на злоупотреба на службената положба и овластување при кое има штета на Буџетот. Рефератот за оваа инцијатива е втора точка на дневниот ред на судот.

Во септември лани еден од адвокатите на експремиерот Никола Груевски, Миле Јанакиески и на други обвинети во предметите на СЈО, Еленко Миланов, ја поднесе иницијативата за оценка на уставноста на овој член од Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик од 2004 и 2009 година.

Предметот на оспорување е тоа што во постарите верзии на Законот била пропишана поблага казна за ова кривично дело, околност, која според тврдењата на адвоктите, им оди во корист на обвинетите.

Извадок од Кривичниот законик (членот 353 ставот 5 се однесува на злоупотреби направени на штета на Буџетот)

Во 2004 година во Кривичниот законик бил додаден нов член 5 со кој се предвидува кривична одговорност со казна од 4 години за злоупотреби со јавните набавки. Со измените во 2009 година, овој член бил промнет во однос на висината на казната и се пропишани најмалку 5 години затворска казна.

Во Законот од 2004 година пишува. „Во членот 353 став 4, се додава нов став 5, кој гласи: Aко делото од став 1 е сторено при вршење јавни набавки или на средства од буџетот на Република Македонија, од јавни фондови или од други средства од државата, сторителот ќе се казни со затвор од најмалку четири години“. Пет години подоцна членот е изменет и е зголемена казната затвор за 1 година.

Овој член се однесува на најголем дел од предметите на СЈО: „Титаник“, „Титаник 2“, „Таргет-Тврдина“, „Транспортер“, „ТНТ“, „Трезор“… По овој член 353, став 5, по неколкупати обвинети се Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, а меѓу нив се и: Сашо Мијалков, Toни Јакимовски, Горан Грујевски и Небојша Стајковиќ, Владимир Талески, и сите други обвинети во „Транспортер“…

Со овој член се обвинети и сите во „Топлик“, Елизабета Канческа-Милевска и останатите обвинети во „Тендери“, ексдиректорот на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски и останатите обвинети во „Тарифа“, експомошник-министерот Ѓоко Попоски во „Триста“, поранешниот вицепремиер, Владимир Пешевски и ексминистерот Миле Јанакиески во „Траекторија“.

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, ексчленот на ДИК, Бедредин Ибраими и сите останати обвинети освен Сашо Мијалков, беа осудени на затворски казни за штета на буџетот во предметот „Титаник 2“. И Ѓоко Попоски и Гордана Јанкулоска беа осудени токму со овој член за случајот „Тенк“ со набавката на „мерцедесот“. Ако Уставниот суд ја прифати иницијативата за разгледување, тогаш за неа ќе треба да се гласа на некоја од следните седници на Уставниот суд.

Владата му предложи на Уставниот суд да не ја прифати иницијативата со цел да се оневозможи избегнување одговорност за сторени кривични дела од високи функционери за кои постапка води специјалното јавно обвинителство.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Уставниот суд не поведе постапка за оценување уставност на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации

Ана Ололовска

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за прислушкуваните материјали

Ана Ололовска

Одлуки од денешната седница на Уставниот суд

Ана Ололовска

Уставниот суд ќе одлучува по предметот за ДУП-от со бензинската на „Пуцко-петрол“ во Карпош

Ана Ололовска

Уставниот суд укина два члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица

Ана Ололовска