Во околината на Велес попладнево избувнаа два нови пожари

Од:

Попладнево во велешко избувнаа уште два нови пожари. Едниот над реката Тополка на неколку километри од Велес, а вториот над манастирот кај велешкото село Оморани.

Како што информираат за МИА од ТППЕ Велес, во пожарот над Тополка гори сува трева, но во пожарот над манастирот кај Оморани гори и ниско стеблеста дабова шума и трња. Во нивно гаснење вклучени се екипи од противпожарната единица од Велес.

Поради опасност од повторно распламтување на пожарот кој вчера избувна во боровата шума кај селото Караслари, кој беше локализиран денеска на пладне, екипи на Шумското стопанство „Бабуна“ од Велес се уште се на терен.. Со пожарот беа зафатени околу 50 хектари квалитетна борова шума.

Директорката на Шумското стопанство Љубенка Попова, за МИА рече дека пожарот бил локализиран во 11 часот денеска, но повторно избувнал и бил локализиран околу пладне.

-Поради опасноста од повторно да се обнови овој голем шумски пожар, нашите екипи се уште се на терен каде ќе бидат во текот на ноќта и утре, појасни Попова.

Таа информира дека во гаснењето на пожарот, вчера вечер и денеска, учествувале и два авиона на Дирекцијата за заштита и спасување.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уште чади кај запалениот објект во Трубарево, повторно горело во Дрисла

Катерина Ѓуровски

Скопјани и утрово се разбудија во силна, непријатна миризба

Тошковски: Нема радијациско зрачење од пожарот во Трубарево, а над 400 метри од центарот на жариштето не е измерена загаденост

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски од Трубарево: Ова што се случува е злосторство против народот, против луѓето на Скопје

Се делат заштитни маски во Трубарево, приведен сопственикот на фабриката

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС