Марш во Лондон за одржување втор референдум на Брегзит

Од:

Неколку здруженија и организации на противниците на британското истапување од ЕУ, денеска ќе одржат марш низ улиците на Лондон, од кој ќе побараат одржување на втор референдум за Брегзит.

Предвидено е демонстрантите да минат пред Кабинетот на британската премиерка Тереза Меј и да го завршат маршот пред зградата на Парламентот во Вестминстер.

Еден од организаторите на маршот, директорот на кампањата „Глас на народот“, Џејмс Мекгрори изјави дека движењето кое бара одржување на втор референдум за Брегзит, во моментов е „најголемо масовно движење во Велика Британија“.

Организаторите на денешниот марш се надеваат дека според бројноста ќе го надминат досега најголемиот собир на противниците на Брегзит, одржан лани во октомври, на кој присуствуваа околу 700.000 лица.

Тие ангажираа над 200 автобуси од цела Велика Британија за превоз на учесниците на маршот во Лондон.

Во меѓу време, иницијаторите на петицијата за отфрлање на Брегзит соопштија дека за само три дена собрале четири милиони потписи.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски