Кавга меѓу ИВЗ и Владата: Реџепи си го бара имотот, Заев се жали дека е уценет

Од:

Нерешените спорови за денационализација ги скараа Владата и Исласмата верска заедница (ИВЗ). Од ИВЗ обвиниуваат дека Владата дека е селективна и дискриминаторска кога се во прашање имотите на верските заедници и тврдат дека МПЦ е фаворизирана, а од Владата велат дека ИВЗ им се заканува, ги уценува и им поставува ултиматуми.

Исламската верска заедница на Владата и даде рок од 10 дена да најде решение за посочените случаи, а пак, доколку не го испочитуваат, ќе ги известеле надворешните фактори и медиумите.

ИВЗ се опратило до Владата со писмен допис во кој бара итно враќање на имотите.

„Покрај проблемот со бавната, селективна и дискриминаторска денационализација на вакуфскиот имот на штета на ИВЗ, сакаме да укажеме и на проблемите кои ИВЗ ги има од органите на државната власт, кои ја попречуваат во нејзината грижа и секојдневна активност за одржување на верските објекти кои се и културно наследство при што особено сме засегнати со нерешавањето на статусот на верските објекти во село Лажец, Битола; Хусамедин пашината џамија во Штип и реконструкцијата на Али пашината џамија во Охрид за чиј објект постои важечка градежна документација и донација која отежнато се користи поради бирократскиот однос на државните институции. Наспроти ова, МПЦ е фаворизирана и привилигирана во секој поглед“, пишува во писмото кое ИВЗ го испрати до Владата.

За Владата, односот на ИВЗ е неприфатлив, бидејќи за предметите кои ги споменува ИВЗ се води постапка пред надлежните институции и тие не зависат од нив.

„Оваа извршна власт никогаш нема да презема чекори со кои би ги манипулирала верските чувства или би се мешала во односите внатре во верските заедници или помеѓу нив. Во таа насока ги отфрламе сите обвинувања дека било која верска заедница е фаворизирана во државата, а таквото обвинување го сметаме за претенденциозно и паушално. Ние сме секуларна држава, верските права и слободи се остваруваат преку градење меѓусебна доверба, а не преку закани и ултиматуми“, пишуваат од Владата.

ИВЗ вели дека за односот на Владата, ќе ги известеле сите верници, во 700 џамии. Владата им препорача да си покренат постапка пред надлежните органи, доколку во нивните случаи не е постапено според законите.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Митева: Кабинетот на премиерот е во континуирана комуникација со семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

А1он

Мицкоски: Следната недела ќе бидат именувани новите министри во Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Владата презема конкретни чекори за подобрување на економската состојба на граѓаните

Гаши: Мнозинството останува стабилно, Владата и парламентарното мнозинство ќе работат со полн капацитет

(ВИДЕО) Филипче: Историски се задолжуваме за шест милијарди евра, Владата крие детали

Касами е категоричен дека нема преговори за рокади со министерствата