(ВИДЕО) Арсовски: Бројот 2 значи победа на Силјановска во двата круга

Од:

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, денеска како претставник на опозициската партија учествуваше во извлекувањето на жрепката во ДИК во однос на редниот број на претседателските кандидати на гласачкото ливче.

Арсковски го извлече редниот бројот 2 за Гордана Силјановска – кандидатката која ја поддржа неговата партија. Портпаролот потоа истакна дека овој број симболично ја означува победата на Силјановска и во двата круга.

Тој најави дека од денес престануваат сите активности на претседателскиот кандидат до 1 април и обвини дека власта не го почитува тоа односно дека од таму и утринава продолжиле со интернет активности.

Арсовски вели дека се надева дека власта ја научила лекцијата за фер и демократски услови за кампања што, според него, не било случај за референдумот.

Инаку, денешната жрепка во ДИК одреди претседателските кандидати на гласачките ливчиња да бидат испишани по следниов редослед: 1. Блерим Река; 2. Гордана Силјановска; 3. Стево Пендаровски.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно