СДСМ: По рекордниот раст во 2018, платите растат и во 2019

Од:

„По рекордниот раст на просечната плата во декември 2018 година од 8,1 отсто, продолжува растот на платите.

Платите растат и во 2019 година. Според официјалните податоци, просечната плата во јануари оваа година изнесува 24.517 денари, што е за 2 отсто повисока од просечната плата исплатена во јануари 2018 година.

Трендот на раст на платите што започна со зголемувањето на минималната плата, дополнително ќе се интензивира во следниот период. Платите ќе растат во сите сектори, предвидени се покачувања на платите од 5 отсто во образованието, здравството, детските градинки, одбраната, полицијата, судството. Позитивните економски политики и зголемената помош кон претпријатијата, отвораат можност за раст на платите и во приватниот сектор.

По рекордниот број странски инвестиции, растот на индустриското производство и извозот, растот на просечната плата е последниот економски показател што ја докажува успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.

Вратена е довербата во економијата, растат платите, се отвораат нови работни места, невработеноста опаѓа.

Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките и политиките што обезбедуваат економски раст и развој, нови работни места, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он