„Макфакс“-анкета: Силјановска во тесно водство пред Пендаровски

Од:

Во он-лајн анкетата која што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова освои 40,6% од гласовите и е во блага предност пред кандидатот на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски кој освои 36,9%.

Треторангиран според гласачите е кандидатот Блерим Река, кој е далеку зад нив со 4,7% од гласовите. 17,7% од гласачите се изјасниле дека нема да гласаат за никој од кандидатите за претседател на државата.

На анкетата одговорија 8388 лица, а беше спроведена на 15 веб страници. Според добиените податоци, над 66% од одговорите ги дале мажи, а приближно 33% биле жени. Анкетата стартуваше на 12 март на пладне и траеше точно 24 часа. Најголем дел од одговорите се добиени преку мобилен телефон (85%), а помал процент (14,7) преку компјутер. Најголем дел од одговорите ги дале лица на возраст меѓу 25 и 34 години.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар