Реакции од Србија за пресудата за Караџиќ

Од:

Поединци, претставници на разни организации и политички партии од Србија реагираа на пресудата со која Радован Караџиќ е осуден на доживотна казна затвор.

Босанската новинска агенција Фена пренесува дека поранешниот српски обвинител за воени злосторства Владимир Вукчевиќ изјави дека доживотната пресуда за Караџиќ е поправедна од претходната.

– Јас како професионалец не очекувам казната да биде помала или поголема, туку праведна, рече Вукчевиќ.

Белградскиот адвокат Тома Фила изјави дека пресудата за Караџиќ е лоша за него, но оти со неа „барем е отстранета идејата за Србите како геноциден народ“.

Основачката на Фондот за хуманитарно право Наташа Кандиќ оцени дека пресудата е очекувана и оти би требало да помогне во тоа таквите работи од минатото никогаш повеќе да не се повторат.

Иницијативата на младите за човекови права смета дека пресудата за Караџиќ ја обврзува Србија конечно да ја усвои Декларацијата за геноцид во Сребреница.

ЛДП соопшти дека правосилната пресуда за Караџиќ е делумна, но недоволна сатисфакција за семејствата на жртвите кои страдале поради неговата политика.

Движењето на слободни граѓани (ПСГ) ја поздрави пресудата со оценка дека адекватно казнување на одговорните за воени злосторства ќе придонесе за помирување во регионот.

Осудениот воен злосторник, кој во затворот во Хаг отслужи две третини од казната, Момчило Краишник изјави дека пресудата за Радован Караџиќ ќе донесе многу повеќе штета отколку корист.

– Пресудата е страшна, не само поради казната, туку и затоа што таа никому нема да му донесе корист, туку многу штета, рекол Краишник за Спутник, пренесува РТС.

За лидерот на Српската радикална партија и осуденик на Хашкиот трибунал Воислав Шешељ „зголемувањето на казната за Радован Караџиќ од 40 години на доживотен затвор е скандалозна и непрофесионална одлука на Жалбениот совет на Механизмот во Хаг“.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски