(ВИДЕО) Филипче: 12 милиони денари останаа непотрошени, може да се повтори набавката на возила за Итна помош

Од:

До крајот на месецов треба да пристигнат новите 12 возила за Итна медицинска помош и да бидат ставени во функција. Од нив половина ќе останат во Скопје со што бројот на возила на Итната медицинска помош во Скопје ќе се дуплира, а останатите ќе се поделат во градовите во кои ќе се утврди недостаток. Министерот за здравство Венко Филипче најави нова постапка за набавка на возила за Итна помош оти им останале непотрошени пари со сегашната набавка.

„Имавме предвидено 30 милиони денари, но на е – аукцијата 12 нови возила беа набавени за 18 милиони денари. Парите што се останати се наменски, може да се трошат само за набавка на нови возила што значи може да се повтори постапката. На располагање ни се уште 18 милиони денари“, рече министерот Филипче.

За две до три недели министерот најавува дека ќе почне и обуката на докторите за работа со специјалните очила кои како иновација ќе се применуваат во Итната медицинска помош. Преку нив здравствените центри каде што треба да се пренесе пациентот ќе имаат слика од пациентите и во времето на прегледот што го врши докторот од Итаната помош.

Осумте комбиња кои вчера Министерството за земјоделство најави дека ќе ги отстапи на Министерството за здравство треба да се утврди дали може да се пренаменат во возила за Итна помош. На проценка веќе работи Служба за опрема од Министерството за здравство. За нивно опремување министерот вели дека може да се размислува по изборите, но очекува целата постапка да биде поевтина од набавка на нови возила.

„Возилата од Министерството за земјоделие имаат внатре полици, имаат приклучоци за струја што ни укажува дека може да се пренаменат и имаат поминато мала километража. Колку ќе чини пренамената треба да утврди Службата за опрема. За тоа секако ќе биде распишан тендер, нема да биде во четири очи“, рече министерот Филипче.

Изминативе два дена 100 учесници меѓу кои доктори, медицински сестри, полицајци, војници и пожарникари имаа обука за справување со катастрофи од размерот на несреќата кај Ласкарци преку симулација на реални ситуации. Меѓу нив се и здравствени работници од Итна медицинска помош.

Маја Илиевска – Пачемска

Би можело да ве интересира

Филипче: Домашните компании оставени на цедило, пари само за странските

Горан Наумовски

Филипче: СДСМ нема да дозволи повторно поставување на системот „ало началниче“

Филипче: Ќе понудиме современа политичка платформа со силен фокус на економијата и платите

Филипче: Категорично сум против етнички поделби во науката

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

Филипче: Дипломатска катастрофа и понижување на македонската држава од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Давкова