Одобрен проектот „Регионален и локален развој“ од ИПА 2 за поефикасно локалното владеење

Од:

Одобрен е проектот „Регионален и локален развој“ што финансиски ќе биде поддржан и ќе се имплементира во рамките на ИПА 2 инструментот на Европската Унија. Имплементацијата ќе започне од 2020 година а целта е да се зголеми ефективноста, ефикасноста и јавната поддршка на локалното владеење. Ова денеска го посочи министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу на конститутивната седница на секторска работна група за локален и регионален развој.

– Вкупниот буџет на проектот е планиран за 7.000.000 евра, од кои 6.000.000 евра се обезбедени од ИПА инструментот. Со проектот ќе управува Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Министерството за локалната самоуправа ќе го координира процесот преку оваа секторска работна група за локален и регионален развој, во кој членуваат претставници на надлежните министерства, на донаторската и експертската заедница, претставници на граѓанскиот и на бизнис секторот. Со овој проект, локалната самоуправа во полтиките на евроинтегрирање ќе станува се позначајна, рече Фазлиу.

Тој додаде дека Европската Унија во изминатите две години директно го поддржува развојот на општините и зајакнувањето на нивните капацитети преку проектот „Подобрување на општинското управување“ вреден 2,3 милиони евра, што се имплементира со поддршка на УНДП.

Никола Бартолини, претставникот на Делегацијата на Европската унија, посочи дека станува збор за ИПА програмата што ќе ги поддржи и поттикнува општините подобро да ја вршат својата работа.

– Ние ќе овозможиме финансиски средства за иновативни проекти што општините би можеле да ги имплементираат во партнерство со европските градови. Станува збор за проекти од областа на животна средина, образование и енергетска ефиксасност. Се она што сметаме дека може да се има како идеја, тоа може и да се имплементира во рамките на оваа програма. Доколку работиме сите заедно, до крајот на 2020 година треба да имаме иновативен проект чија што цел ќе биде да го олесни животот на граѓаните, рече Бартолини.

Би можело да ве интересира

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска