Продолжува гаснењето на пожарот кај Скопска Црна Гора, ангажирани авиони на ДЗС

Од:

Гаснењето на пожарот, што вчера избувна кај Скопска Црна Гора продолжува и денеска. Екипите на противпожарната бригада на Град Скопје се на терен цела ноќ, а од раните утрински часови ангажирани се и воздухопловите на Дирекцијата за заштита и спасување.

Гори ниска мешана шума на околу 1.400 метри надморска височина.

Командант на противпожарна бригада на Град Скопје Владимир Симоновски, за МИА изјави дека пожарот кој е активен од вчера во 13:15 часот речиси е изгснат, останува уште непристапниот дел за кој утринава се ангажирани воздухопловите на ДЗС.

Од Центарот за управување со кризи, синоќа информираа дека, екипи на БППЕ на Град Скопје интервенираат на гаснење на пожарот на Скопска Црна Гора, во местото викано Влајингроб, но поради ветрот и непристапниот терен гаснењето е отежнато.

– Пожарот се шири кон селата Никуштак, Виштица и Матејче во горниот дел од планинскиот превој. Гори сува трева и мешана шума, информираат од ЦУК.

Пожарот избувна на местото Црн камен, на потегот Липково, Скопска Црна Гора и селото Матејче.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во Романија: Изгореа 32 домови, 300 жители се експресно евакиурани

Горан Наумовски

Пожар зафати 5.000 хектари шума, изгореа 50 куќи

Изгаснат пожарот во Липковско

Пожарот кај „Глажња“ е сè уште активен, екипите продолжуваат со гаснење

Горан Наумовски

Пожар во станбена зграда во Констанца: Десетици се евакуирани, девет лица се во болница

Гори депонија во близина на Арачиново

Горан Наумовски