[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Рони и неговата сестра Сијена Баден родени се само со 208 дена разлика. Нивната мајка Сејди Баден (31), била во шок, кога само после три недели од раѓањето на нејзиниот син, дознала дека повторно е бремена.
Таа и нејзиниот партнер Пол Денис (38), долго не можеле да имаат деца, па биде пресреќни заради бременоста. Но исто така биле и во шок, кога малата Сијена се родила во 26-тата недела од бременоста.
-Бидејќи две години се мачевме да го добиеме Рони не ни помисувавме на второ дете. Кога после месец ипол од породувањето, почувствував мачнина, мислев дека се работи за вирус. Но бидејќи секое утро ја чувствував, решив да направам тест за бременост. Резултатот ме шокира. Мислев дека е грешка и дека е позитивен поради хормоните од бременоста со Рони. По неверувањето и шокот следеше возбудување, што ќе имаме уште едно бебе- рече Сејди.
Сијена е родена порано, па имала проблеми со дишењето и исхраната. Нејзината мајка можела да ја земе во прегратка дури после три недели. Поради хеморагија на мозокот, која ја карактеризира бавна коагулација на крвта, бебето поминало три ипол месеци во болница.
Сепак оваа несекојдневна приказна имаше среќен крај, а четиричленото семејство денес живее со уште еден член, Сејдиниот син Џордан (13), од претходната врска.
-На почетокот беше тешко, бидејќи и двете бебиња мораше да ги храниме и носиме во исто време, но сега кога ги гледам како се играат, разбирам колку е голема предноста да се има деца на слична возраст – истакна Сејди Баден.
Семејството постави рекорд за најмала старосна разлика, помеѓу брат и сестра во Велика Британија, а тие станаа познати како „тандем близнаци“.