Работнички се жали на казните на МВР, размислува за натпревари без публика

Од:

Кошаркарскиот клуб Работнички денеска пушти соопштение во кое посочи за „драматичните моменти“ со кои се соочува и „заканите да се наруши егзистенцијата, не само на професионалците од првиот тим туку и на големиот број таленти во тимот“ поради големите казни кои ги добива од Министерството за внатрешни работи (МВР) за однесувањето на нивните навивачи.

– Знајеќи колку е тешко да се обезбедат средства за секоја тековна сезона за развој на сите школи, вклучувајќи го и потикот за развојот на младинските школи, ние мораме поголем дел од буџетот на клубот да го користиме за плаќање на казните кои ги имаме речиси по секој одигран натпревар во нашето домашно првенство. Казните се мегаломански, неприфатливи за било кој клуб кој е дел од македонското првенство и тоа – 8.000 евра за секој меч на кој се случува барем нешто што не му се допаѓа на МВР. Поради засегнатата ситуација ние размислуваме за во иднина натпреварите да ги играме без публика, за да видат луѓето од МВР како е тажно врвен спортски натпревар да се одигра пред празни трибини само поради овие казни, пишува Претседателот на управниот одбор на тимот од Градскиот парк, Ристо Гапиќ.

Тој смета дека на одговорните воопшто не им е важно дали клубот ги презел сите законски мерки за организација на натпреварот, дали се поднесени потребните пријави и дали е ангажиран доволен број професионални редари.

– Наместо државата, институциите за спорт и развој на младинците итн, да го штитат и помагаат врвниот спорт, тие пишуваат огромни казни кои се голем товар за сите македонски кошаркарски клубови. Ова е проблем на сите клубови кои се дел од кошаркарското првенство кои плаќаат високи казни, додека салите се празни, вели Гапиќ.

Од Работнички сметаат дека Законот за спречување насилство на спортските терени (ЗСНСТ), на кој се повикува МВР, е максимално ригиден и ригорозен, со превисоки казни и работи кои не се применливи во државава и бараат негово менување.

– Поради овој Закон, кој е препишан од некои дијаметрално поразлични средини од нашата, клубовите повеќе пари даваат на неверојатно високите парични санкции, отколку на своите спортисти, што треба и е приоритет на секој спортски колектив во светот. Ние бараме државата сериозно да го разгледа овој проблем, кој се заканува да ја остави Македонија без врвен спорт. Бараме промена на ЗСНСТ, негово прилагодување на македонските услови и пред сѐ казнениот систем да биде прилагоден на нашиот стандард, завршува соопштението на скопскиот клуб.

Би можело да ве интересира

Општина Центар: КК Работнички добива втор спонзор – „Видеолотарија Касинос Австрија“

МЗТ Скопје убедлив во дербито со Работнички

А1он

КК Работнички: Клубот е сопственост на Општина Центар, обврска ѝ е да му помага

Ана Ололовска

Вечното кошаркарско дерби во Супер-лигата на 1 и на 18 мај

Ана Ололовска

Со срце за Ирена – хуманитарен кошаркарски натпревар помеѓу ветераните и сегашниот тим на КК Работнички

Наум Локоски

„Со срце за Ирена“ – кошаркарите и ветераните на „Работнички“ ќе одиграат хуманитарен натпревар

Наум Локоски