Силјановска-Давкова: Ќе се борам за воведување на соодветни мерки за чист воздух

Од:

Кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова вчера оствари средба со граѓаните во Општина Крива Паланка и разговараше со нив за енормното загадување, оценувајќи дека се работи за сериозен проблем кој власта го занемарува и не презема соодветни мерки.

При средбата, Гордана Силјановска Давкова говореше за дадените ветувања за време на предизборните кампањи, дека воздухот ќе го исчитат кога ќе дојдат на власт.

„Од нивните ветувања немаше ништо. Граѓаните се гушеа оваа зима, дури и бевме меѓу првите 5 земји во светот по загаденост“, рече Силјановска.

Таа го спомена и Водно како пример, каде што се врши напад врз природата, и при апелите на граѓаните и организациите за заштита на животна средина, тие сепак продолжија да го уништуваат со изговор дека ќе изградат гасификација.

„Заменик министерот, бивши пратеник вели сега кога ќе го донесеме законот за заштита на Водно, тогаш ќе биде Водно заштитено и нема да се гради. Ама сега дај да доградиме и да забетонираме уште нешто па после ќе ги решиме сите проблеми“, образложи Гордана Силјановска Давкова.

Кандидатката која е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, им вети на граѓаните дека кога ќе стане претседателка ќе се залага да владее правото и законот во држава, а воедно нема да дозволи да се уништува природата како сега што се случува. Во врска со енормното загадување рече дека ќе се бори да се воведат еднаш засекогаш соодветни мерки бидејќи граѓаните имаат право на чист воздух.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?