Претседателски избори во Кипар

Од:

Во Кипар почна гласањето за нов претседател на земјата, пренесоа светските агенции. Избирачките места се отворија во 7 часот по локално време, а ќе бидат затворени во 18 часот и резултатите ќе се знаат веќе во 20,30 часот.

Битката за претседателската функција се води меѓу тројца кандидати.

Според првичните прогнози, фаворит за функцијата е десноориентираниот кандидат, лидерот на главната опозициска партија Демократски збор (ДИСИ), Никос Анастасиадис, за кого се подготвени да гласаат околу 40 отсто од Кипарците.

Анастасиадис (66) ја критикува владата дека го повлекла барањето за меѓународна помош, додека островот и натаму е исклучен од финансиските пазари.

Вториот претендент на претседателската функција, кој ја има поддршката од 24,2 отсто од електоратот, е кандидатот на левите сили Ставрос Малас. Тој учествува како независен кандидат, но ја има поддршката на Прогресивната партија на работниот народ на Кипар (АКЕЛ), наследничка на комунистичката партија.

Третиот во претседателскиот натпревар, за кого се подготвени да гласаат 20,2 отсто од избирачите, е Јоргос Лиликас, независен кандидат, кој ја има поддршката на Движењето на социјалдемократите (ЕДЕК).

Во изминатите години тој предводеше различни министерства, а меѓу нив и Министерството за надворешни работи.

Се очекува на денешните избори да излезат над половина милион Кипарци (545.000) кои ќе го изберат новиот шеф на државата со петгодишен мандат.

Во случај да нема победник, на 24 февруари ќе има втор круг.

Новиот претседател ќе треба да преговара за спасувачкиот план за малата економија, која има силна експозиција кон грчката должничка криза.

Кипар има претседателски систем на управување, во кој шефот на државата ја има и извршната власт.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ