Унгарскиот премиер Виктор Орбан испрати писмо до лидерите на европските конзервативни партии кои побараа исклучување на неговата партија Фидес од Европската народна партија (ЕПП).
Во писмото, Орбан се извинува за користењето навредлив јазик, но наведува дека нема промени во политичките ставови.
Унгарскиот премиер побарал од лидерот на белгиската партија Христијански демократи и фламанци Ваутер Беке повторно да размисли за предлогот за исклучување на неговата Фидес од ЕПП.
Портпарол на унгарската Влада изјави дека такви писма се испратени до сите 13 партии кои се приклучија кон предлогот.