(ВИДЕО) Арсовски: Нов договор помеѓу СВ Инвест и РЕК Битола во вредност од 49.560.000 денари

Од:

„Денеска ќе ви приложиме нов договор помеѓу СВ Инвест, фамозната фирма која што работи се и сешто во РЕК Битола и РЕК Битола каде што директор е Васко Ковачевски од редовите на СДСМ, склучен пред само 2 недели односно заведен со архивски број од 28 февруари, во вредност од 49.560.000 денари.

Фирмата СВ Инвест пред само 2 недели земала тендер за Услуга од технолошко чистење на БТО системите во РЕК Битола во вредност од исто така над 800.000 евра односно 49.560.000 денари.

Во 3 дена објавивме 3 тендери што ги земала фирмата СВ Инвест која инаку беше поврзувана низ медиумите со картелот на власт и тоа сите 3 тендери се во вредност од над 800.000 евра. За само неколку месеци фирмата СВ Инвест без работници, без механизација, без искуство зема тендери во вредност од над 2.4 милиони евра и тоа дел од нив договорени во 4 очи“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е начинот на работа на СДСМ. Личен интерес, личен профит и сомнителни тендери преку кои се цицаат парите на граѓаните од фирмите како РЕК Битола.

Во претходните 2 тендери кои ги објавивме имаше и сериозен сомнеж за криминал. Требаше да дадат одговори дали се влијаело на менување на критериумите и дали можеби некој влијаел да баш фирмата СВ Инвест ги земи односно и бидат доделени истите тендери.

Го охрабруваме јавното обвинителство, ревизорите и сите надлежни институции да спроведат соодветни истраги.

За сите овие работи еден ден ќе се одговара.

Еден ден кога нема да биде заробено судството, кога Заев нема да ги има судството и обвинителството во свои раце, ќе се спроведат соодветни истраги и сите ќе одговараат за сомнителните зделки“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДПМНЕ постави партиски ветеран бугарофил за член на Комисијата за заштита од дискриминација, обвинува Левица

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е тешко да сфати, но кога последен пат бил уапсен член на обезбедувањето на премиерот, нема милост за криминогените

Катерина Ѓуровски

Кузеска: Една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра од Аеродром, Кисела Вода, Неготино и Министерството за спорт

Стојаноски: СДС и ДУИ, заедно со нивните судии и обвинители се во акција за заштита на мазут мафијата

Катерина Ѓуровски

СДСМ: За девет месеци општините на ВМРО-ДПМНЕ склучиле 170 тендери со Пуцко Петрол

Катерина Ѓуровски

Сајкоски: Интерпелациите на пет членови на Судскиот совет се клучен момент во борбата за владеење на правото и довербата во институциите

Катерина Ѓуровски