Хамас го обвини Израел дека стои зад протерувањето на нивната делегација од Бугарија

Од:

Шефот на четиричлената делегација на радикалната палестинска група Хамас, протерана од Бугарија, Салах Бардавил, го обвини Израел дека извршил притисок врз Софија за да ги протера од земјата, пренесоа американските медиуми.

Бардавил изјавата ја даде по пристигнувањето на делегацијата во Каиро, на пат кон Газа, каде исламистичката група ја држи власта. Тој не претстави никакви докази како поддршка на своето тврдење, посочуваат американските медиуми и додаваат дека нивните обиди телефонски да се поврзат со израелски претставници останеле без резултат.

Бугарија во петокот ги протера пратениците на Хамас, истакнувајќи дека тие претставуваат закана за нејзината национална безбедност.

Бугарскиот министер за внатрешни работи изјави дека претставниците на групата пристигнале со важечки визи, кои, меѓутоа, биле издадени со различни мотиви од тоа што тие го кажале.

Бардавил изјави дека делегацијата за време на посетата на Софија се сретнала со претставници на медиумите и некои политички фигури.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан