Иран му се закани на Израел за убиството на генерал Хасан Шатери

Од:

Високо позициониран ирански претставник предупреди дека Иран ќе му се одмазди на Израел за убиството на високиот командант од иранската револуционерна гарда, пренесе БТА.

Корпусот на гардата ги обвини „наемниците и поддржувачите“ на Израел за убиството на генерал Хасан Шатери, кој во средата загина на автопатот меѓу Дамаск и Бејрут.

Израел не го коментира случајот.

Али Ширази, претставник на иранскиот врховен лидер во Гардата, се закани дека Израел наскоро ќе ја плати сметката за ликвидирањето на Шатери.

Иранските медиуми пишуваат дека Шатери бил одговарен за проекти за обновата на јужен Либан.

Не е јасно, меѓутоа, што тој правел во Сирија, посочуваат агенциите.

Техеран е близок сириски сојузник. За оваа земја Сирија е мостот кон либанската шиитска организација Хезболах.

Би можело да ве интересира

„Овој ужас мора да престане“ – Итна седница на Советот за безбедност на ОН по нападот на Израел на Рафа

„Репортери без граници“ повторно го тужи Израел пред Хашкиот суд

ВИДЕО: Израел одговори на нападот на Хамас, погоден е камп за бегалци

Катерина Ѓуровски

Шпански министер: Мојот израелски колега објави скандалозно и страшно видео

ВИДЕО: Израел ја игнорира наредбата на Хашкиот суд, продолжи со нападите на Рафа

Катерина Ѓуровски

„Њујорк тајмс“: Европа се одвраќа од Израел, го доживува како агресор