Пауел: Политичка волја и храбар граѓански сектор за отворено владино партнерство

Од:

Северна Македонија има потенцијал за функционирање на отвореното владино партнерство, како најдобар пример во регионот. Многу земји уназадуваат, а отвореното владино партнерство е потребно, особено ако се погледнат загрижувачките тенденциите во делот на корупцијата во светот, рече Џо Пауел, заменик извршен директор на Отворено владино партнерство, на конференцијата за отворено владино партнерство, што се одржува денеска во Скопје.

Конференцијата „Каде сме и кои се следните чекори во рамки на отвореното владино партнерство“ се организира во рамки на Глобалната недела на Отворено владино партнерство, во рамки на која се одржуваат над 500 настани во 79. држави членки на иницијативата основана пред осум години како одговор на барањата на граѓните за поголема отвореност и отчетност на владите.

Според Пауел, државава на ова поле има амбицициозна агенда и интересен план во согласност со поставените цели за приклучување во европското семејство и развојните цели, а Отвореното владино партнерство е алатката со која ќе се реализираат тие активности.

– Од аспект на предизвиците, прв предизвик е примената која е тешка особено кога се работи за промена на културата на една влада, треба да се доведат на маса министерствата што претходно не биле отворени. Се обидувате да направите промена на културата на јавните служби и граѓанскиот сектор да учествува во работата на Владата, да не се расправаат меѓусебе, секако и тоа се случува, но сепак да има заеднички цели на заеднички проекти. Тоа не е лесно и нешто што се случува за една година, па дури и осум години откако постои Отвореното владино партнерство, бара политичка волја и лидерство, граѓанскиот сектор да е храбар и да учествува дури и кога се работи за некои невообиачени односи со власта, рече Пауел.

Министерот за информатичко општетсво и администрација Дамјан Манчевски, потенцираше дека основен предуслов за Отвореното владино партнерство да биде успешен процес, е пред се, враќањето на довербата на граѓаните во институциите.

– Тоа е два чекори напред два назад, па три напред еден назад, но е процес кој се одвива постојано, рече Манчевски.

Претставувајќи ги активностите и плановите со акцискиот план за областа, ресорниот министер информираше дека преку новиот портал на отворени податоци 40 институции нудат над 190 податочни сетови, кој број очекува да се зголемува. Свесноста на институциите за важноста на отворените податоци, наведе, се зголемува, а бизнис заедницата, медиумите, граѓанските организации се повеќе ги користат тие податоци.

– Во контекст на отворање на податоците Владата објави и софтвер преку кој се објавуваат трошоците на членовите на Владата, а Министерството за финансии го спроведува концепт „Отворен трезор“, платформа со која граѓаните ќе можат во реално време да ги следат сите трошоци кои ги прави државата. Дел од планираните мерки со акцискиот план се и измените на законот за спречување на корупција, каде се предводува изјавите на имотната состојба на функционерите да се доставуават и во електронски отворен формат со што многу полесно ќе може да се следи имотната состојба на сегашните и поранешните функционери, рече Манчевски.

На конференцијата, покрај тековните состојби, ќе биде претставени и активностите за воспоставување Соевт за отворено владино партнерство.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада