Ставот на Иванов за името го блокира патот кон ЕУ

Од:

Катица Јанева и судбината на Специјалното јавно обвинителство, како и желбата на Мицкоски тој да одлучува кој ќе биде државен јавен обвинител, не се единствениот камен на сопнување на патот кон добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Иванов не потпиша Укази за прогласување на 11 закони, поради новото име Република Северна Македонија. Се работи за закони од интерес на граѓаните и државата. Иванов, според образложението, указите не ги потпишал, бидејќи во извршувањето на функцијата, секогаш постапувал согласно дадената свечена изјава дека ќе го штити Уставот, и како што вели, ќе ги брани интересите на Република Македонија.

Три реформски закони, меѓу кои и Законот за судовите беа донесени минатата недела со консензус, или со повеќе од 80 пратенички гласа, и нив според Уставот, шефот на државата е должен да ги потпише. Но, извесно е дека Иванов и во овој случај ќе оди на непотпишување на законите.

Иванов, одбива да ја смени и таблата на неговата резиденција, каде што стои сѐ уште името Република Македонија. Од друга страна „Службен весник“ пак одбива да објавува одлуки и укази од Ѓорге Иванов, бидејќи, велат се неуставни, затоа што „на нив стои старото име на државата“. Не се објавени неколку укази на одлуки на Иванов за унапредувања и именувања во армијата и за испраќање воени претставници во НАТО и во Париз, кои беа заведени и испратени со името Република Македонија.

Роковите притискаат, Брисел веќе даде рок до кога треба да бидат донесени реформските закони. И ако политичките опоненти можеби и ќе постигнат согласност, сите собраниски седници паѓаат во вода поради непотпишување на законите од страна на Иванов.

Власта имаше обезбедено 68 пратеници и беше во потрага и убедување на уште 12 за да се изгласа последниот од законите кои ги бара Брисел, но очигледно не играше на картата на гласот на Ѓорге Иванов, кој го чуваше како адут на два месеци пред заминувањето од претседателската функција.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он