Австралија од денеска ги приземји сите авиони Боинг 737 МАКС од својот воздушен простор, приклучувајќи се кон неколкуте земји кои го блокираа тој модел по несреќата на „Етиопијан ерлајнс“ за време на викендот.
-Ова е привремена суспензија додека чекаме повеќе информации за да ги разгледаме безбедносните ризици за континуираните операции на Боинг 737 МАКС до и од Австралија, изјави Шејн Кармиди, извршен директор на австралиската Управа за безбедност на цивилното воздухопловство.
-Управата жали за непријатностите на патниците, но смета дека е важно секогаш да се стави безбедноста на прво место, додаде тој.
Фиџи ерлајнс е единствениот 737 МАКС оператор погоден од австралиската забрана, според Управата. Сингапурскиот „Силкар” ги користеше авионите за летови до Австралија, но тие веќе се приземјени откако и таму воведоа забрана за сообраќај со тој модел.