Стјуарт Бингам во финалето на Велш Опен

Од:

[staff name=”Емир Латифовиќ” position=”Автор”][/staff]
Англичанецот Стјуарт Бингам славеше во првото полуфинале на Велш Опен против Кинезот Жунхуи Динг по максимални 11 фрејма.

Бингам имаше водство од 2:0 и 4:2, но Динг поведе со 5:4. Бингам, кој во моментов го има највисокиот пласман во кариерата на снукер листата, се наоѓа на 10-то место, одговори со брејк од 93 и сенчури од 108 за пласман во финалето.

Интересно е тоа што и на последни три меѓусебни меча славеше Бингам, во Премиер Лигата со 4:2, Азискиот Тур со 4:3 и Австралија Опен со 5:2, кој подоцна го освои со победа над Марк Вилијамс во финалето од 9:8.

Бингам во финалето ќе игра против подобриот од вечерашниот дуел помеѓу Џад Трамп и Стивен Мегваер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жена им побегна на обезбедувањето на снукер натпревар, О’Саливан ѝ дозволи да го направи завршниот удар

Наум Локоски

Најџел Бонд: Снукерот во Македонија има сериозен потенцијал

Ана Ололовска

Професионалниот снукер играч Најџел Бонд доаѓа во Македонија

Ана Ололовска

Поразен светскиот шампион на стартот

Емир Латифовиќ

Започнува светското снукер првенство

Емир Латифовиќ

О’Саливен славеше со 10:1 над Хокинс за 7-ма мастерс титула

Емир Латифовиќ