Џафери во Романија и Литванија на ратфикацијата на Протоколот за НАТО

Од:

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, од денеска до 14 март ќе престојува во работна посета на Романија и Литванија. Спикерот на Собранието ќе биде во придружба на пратеникот Панчо Минов.

Џафери во собранијата на двете земји членки на ЕУ и НАТО ќе присуствува на чинот на ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО. Во Парламентот на Романија седницата е најавена за 13 март, додека во Сејмот на Литванија чинот ќе се оддржи на 14 март. Притоа Џафери ќе има и обраќање пред пратениците на Сејмот на Литванија, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија.

Во рамките на двете работни посети претседателот Џафери ќе има и билатерални средби со домаќините и со други државни претставници од Романија и Литванија.

Би можело да ве интересира

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“