Почна доделувањето на наградите на Берлиналето

Од:

Филмот на белгискиот режисер Феликс ван Гронинген, посветен на драматичните односи во семејство на музичари, денеска ја освои награда во една од главните селекции на филмскиот фестивал во Берлин, соопшти ДПА.

Филмот The Broken Circle Breakdown беше овековечен со награда на  публиката во секцијата „Панорама“.

Режисерот Џошуа Опенхајмер ја освои награда за најдобар документарен филм во истата селекција за филмот „The Act of Killing“, што раскажува за убиствата на комунистите во Индонезија по воениот преврат од 1965 година.

Од гледачите на 63-ото издание на Берлинале било побарано да посочат свој омилен филм по 52-те кино проекции на филмови од 33 земји,
проектирани во секцијата „Панорама“, која ги прикажува новите филмови
на познатите режисери, дебитатнтските обиди и бранувачките нови откритија во киното.

Селекцијата на филмовите во „Панорама“ е поглед врз тенденциите во развојот на светското арт кино. Насловите во неа ги обединуваат спротивните артистички визии и комерцијални интереси.

Жирито на Берлинале вечерва ќе ги соопшти носителите на главните награди – сребрените и златни мечки, во главната програма на престижниот фестивал.

Би можело да ве интересира

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ