Лесна победа за Надал во Индијан Велс

Од:

Шпанецот Рафаел Надал забележа лесна победа на стартот на турнирот во Индијан Велс од сериите „Мастерс“, откако запиша триумф над Американецот Џаред Доналдсон со 6:1, 6:1.

Средбата од вториот круг на турнирот траеше едвај 73 минути, а во нив Надал не остави сомнеж во супериорноста над противникот. Шпанецот, кој е под бр.2 вошемата, успеа да забележи 5 брејка против Доналдсон и мирно го очекува третиот круг на турнирот каде ќе игра со Аргентинецот Диего Шварцман, кој се победи со 6:3, 6:1 против Роберто Карбаљес.

Носителот на три Гренд-слем титули, Стен Вавринка, исто така, се квалификуваше за следната етапа. Швајцарецот, кој во моментов го зазема 40-тото место на светската АТП листа, го надигра со 6:4, 6:7 (5), 7:5 Унгарецот Мартоњ Фучович во во еден од најинтересните натпревари за денот.

Во следниот круг ривал на Вавринка ќе биде неговиот сонародник Роџер Федерер, кој претходно во текот на денот победи во два сета против Германецот Петер Гојовчик.

За третиот круг на турнирот се рангира и осмиот носител Џон Иснер. Американецот победи со 6:0, 6:2 против Австралиецот Алексеј Попирин за помалку од еден час игра.

Хрватот Марин Чилиќ, ставен под број 10 во шемата, го победи Србинот Душан Лајовиќ со 6:3, 6:4 и во следната фаза ќе се сретне со Канаѓанецот Денис Шаповалов, кој триумфираше со истиот резултат над Американецот Стив Џонсон.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ: На тенисот ќе му недостига шпанскиот „бик од Мајорка“

Ѓоковиќ рутински во Ријад го победи Надал

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Надал остана без трофеј во Шведска

Надал и Руд се повлекоа од полуфиналето на турнирот во Бостад

Надал се согласи со Рама-отвора академија за тенис во Албанија

Предраг Петровиќ