Од пладне облачно со дожд и снег

Од:

Од пладне се очекува промена на времето. Синоптичарите најавуваат зголемување на облачноста на запад и север, а веќе во вечерните часови врнежи од дожд на пониските места и снег на планините.

Во Скопје денеска ќе биде променливо со мала до умерена облачност. Веќе од попладне облачноста ќе се зголеми и ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи до 18 степен.

Облачно, ветровито и врнежливо време ќе преовладува до утре до средината на денот. На планините и на некои повисоки места особено на запад ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој најизразен ќе биде утре претпладне, а дневните температури ќе бидат во значително опаѓање.

Од среда времето ќе биде променливо со благ пораст на температурата, а во четврток ќе има нови врнежи од дожд, а на планините од снег.

 

Би можело да ве интересира

Снег заврна на Пелистер

Катерина Ѓуровски

Падна првиот снег на Копаоник

А1он

Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар

За викендот дожд, ветер и заладување

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава

Денеска сончево и топло со услови за пороен дожд и грмежи