Францускиот министер за одбрана повика за транзиција во Сирија без Башар ал Асад

Од:

Францускиот министер за одбрана Жан-ив Ле Дриан повика за актовности во Сирија, кои ќе помогнат за транзиција без учество на сирискиот претседател Башар ал Асад, јави БТА.

Ле Дриан се обрати во Абу Даби на конференција за одбранбените прашња во Персискиот Залив.

– Сирискиот народ веќе плати висока цена, така што повеќе од кога било е потребно итно дејствување за надминување на поделбите во корист на политичката транцизија, изјави Ле Дриан.

Според францускиот министер промените во Сирија треба да бидат процес во кој нема место за сирискиот претседател Башар ал Асад.

Претходно и сириската опозиција истана дека секој дијалог за наоѓање решение на сириската криза треба да го исклучи претседателот Асад и водечките луѓе од неговиот режим.

Би можело да ве интересира

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on

Во Сирија училишен автобус излетал од патот, најмалку седум загинати

А1он