Двајца татковци во Нант се забаракадирани во градежни дигалки во знак на протест што немаат право да се грижат за своите деца, јавува дописникот на МИА од Париз.
Овај нов начин на изразување на незадоволство успеа да го привлече вниманието на француските медиуми. Првиоот татко успеа во текот на раните утрински часови во петокот да се искачи на огромната дигалка во поранешното бродоградилиште во Нант и да развeе бел чаршав на кој има напишано:„Беноа, (името на неговио син) две години без татко“. Вториот татко исто така лишен од правото да се грижи за своите деца по разводот, успеа изутринава исто така да се затвори во втората голема дигалка во знак на солидарност со првиот татко.
Првобарикадираниот татко, веќе две години нема право на посета на своите деца и е лишен од родителското право поради осудување на суд. Тој бил член на асоцијацијата „СВП Папа“ (Ве молам Тато), која најави дека ќе организира повеќе манифестации во Нант.
Властите водат преговори со забарикадиарниот татко и се обидуваат да го убедат да се симне од дигалката. Тие му понудија судски акт кој ќе може да го поднесе пред судот, кој за него ќе расправа на 28 март, што е многу брза процедура. Според блиските на забарикадираниот, тој е опремен да остане неколку дена затворен во кабината на дигалката.