Тимот на Реал Мадрид е ранет по шокантниот пораз од Ајакс и ќе се обиде да ја врати својата самодоверба утре против Ваљадолид.
Денес, Сантијаго Солари го заврши својот последен тренинг пред утрешниот меч. „Лос Бланкос“ тренираа без повредените Маркос Љоренте, Дани Карвахал, Виничиус Јуниор и Лукас Васкез.
Герет Бејл има проблеми со глуждот и, исто така, го пропушта дуелот. Маријано Дијаз страда од проблеми со стомакот и, исто така, не излезе на тренинг.
Се очекува аргентинскиот стратег да направи силни промени во стартната постава. Шпанските медиуми тврдат дека големи шанси за носителски места имаат Иско и Марко Асенсио. Зимската аквизиција, Брахим Дијаз, исто така, ќе запише први минути.
Утрешниот натпревар во Ла Лига е со почеток од 20:45 часот.