Со прием во премиерската палата за жени од разни социјални категории и работнички групи, од синдикатите, од армијата, полицијата и противпожарната служба, во присуство на министерки од владата, но и неговата партнерка, премиерот на Грција, Алексис Ципрас, го одбележа Меѓународниот ден на жената, додека пак “Грчката мрежа за феминистички штрајк на осми март”,за прв пат оваа година одржа протест низ улиците во грчката престолнина, јави дописничката на МИА од Атина.
Двата настани, иако различни и меѓусебно неповрзани, но по ист повод, испратија идентична порака дека битката за рамноправност и битката против дискриминацијата, предрасудите и стереотипите продолжува.
ГрчКиот премиер оваа година, на поинаков начин го одбележа Меѓународниот ден на жената. Ги отвори вратите на премиерската палата за над 70 жени од различни категории, вработени во различни сектори. Рече дека денешниот ден “не е празник, туку ден кој не потсетува дека борбата продолжува”.
-Рамноправноста не се гарантира само со законите. Треба да се обезбеди и во пракса. Тоа е нешт што претставува континуирана борба во нашето секојдневие, во нашето општество, во нашата работна средина, во нашите семејства. Битка против стереотипите и предрасудите. Битака која што уште не е добиена, рече грчкиот премиер во неговото поздравно обраќање.
Ципрас вети дека во следната влада присуството на жените ќе биде поголемо.
Во центарот на Атина пак, денеска за прв пат се одржа феминистичи штрајк, со што Грција се вклучи во меѓунродните активностипо повод денот на жената.
Демонстрантите со слогани и паноа со поддршка на правата на жените, но и против секаков вид на дискриминација, маршираа во центарот на Атина и пред грчкиот парламент.
Жените и девојките со кои поразговара дописничката на МИА од Атина, велат дека иако теоретски жените имаат еднакви прва со мажите, сепак во пракса ситуацијата е поинаква.
-Мислам дека сме уште назад. Имаме долг пат пред нас. Јас работам во скетор што се однесува на безбедноста и бидејќи мнозинството се мажи, секојдневно се соочувам со расизам. Те гледаат поинаку, сметаат дека не си способна за конкретната работа, вели Дора.
-Во 2019 платите и понатау за идентична позиција се пониски за жените во споредба со мажите. Исто така во приватниот сектор жената се соочува и со прашањето за бременост и формирање семејство што е еден од критериумите. Ова се два едноставни и секојдневни примери на дискриминација, објаснува за МИА, Алики која работи како педагог.
Протестот, односно феминистичкиот штрајк го поддржаа и дел од грчките партии меѓу кои и СИРИЗА. Низ улиците на Атина маршираа и пратенички од владејачката партија. Анета Кавадиа, од СИРИЗА во разговор со дописничката на МИА од Атина вели дека тие како влада направиле многу чекори и донеле закони кои ги штитат прават на жените, но истакнува дека она што е важно е овие закони да се спроведат и во секојдневниот живот.
-Најважно е овие закони да можат да се спроведат во пракса, бидејќи она што го забележуваме е дека постои голема дистанца меѓу секојдневието и она што се гласа во парламентот. За жал имаме феномени како што се убиства на жени од нивниот татко, од нивниот партнер, од луѓе од нивното семејство само зато што се жени, вели за МИА пратеничата од СИРИЗА и потенцира дека битката е голема, а во неа треба да се вклучат и мажите.
Ниту мажите не изостанаа од маршот по повод Меѓународниот ден на жената, младиот Ставрос вели дека жените секогаш биле во првите борбени редови и потребна им е поддшка и додава дека денешниот поротест е и за правата на работниците.
-Ги поддржуваме жените, тие се нашите мајки, сестри, пријателки, тие се половина од планетата, коментира младиот Грк.