Во најжешкото австралиско лето, откако се води статистика, се регистрирани над 200 климатски рекорди. Тоа го нагласува во извештај организацијата „Клајмаут каунсел“ базирана во Сиднеј.
Тие наведуваат дека само за 90 денови во државата се регистрирани 206 климатски рекорди.
– Карактеристика за летото беа долгите горештини, сушата во источниот дел од Австралија и шумските пожари во целата држава, изјави Аманда Маккензи од „Клајмат каунсел“.
Според неа, летото во Австралија со „пеколните“ температури на места беше сезона за тревога.
Шумските пожари почнаа порано и погодија региони кои обично не се засегнати – дождовните шуми во Тасманија и Квинсленд. Силните врнежи и поплави на крајот на јануари и почетокот на февруари нанесоа непоправливи штети во северниот дел од Квинсленд.
Во главниот град Канбера досега е забележано најтоплото лето со 24 дена кога температурата беше 35 и ли повеќе степени, што е петпати повеќе од летниот просек.
Аеродромот во Порт Аугусти во јужна Австралија забележа највисока температура ова лето, која на 24 јануари достигна 49,5 степени Целзиусови.
Највисоката температура во декември беше регистрирана во Марбл Бар во западниот дел на Австралија на 27 декември, кога беа измерени 49,3 степени. Во оваа област 32 дена температурата беше над 45 степени Целзиусови.