Гостиварец повреден со нож од својот татко

Од:

Полицијата во Гостивар привела шеесетгодишник осомичен дека си го повредил синот со нож.

Според СВР Тетово, вчера околу 17.10 часот од Медицинскиот центар Гостивар било пријавено во полиција дека кај нив со повреди бил донесен Н. Љ.(31) од Гостивар.

По преземени мерки било утврдено дека Н. Љ. бил повреден со нож во левата нога од неговиот татко А. Љ.(60) околу 17 часот во нивниот дом.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

А. Љ. бил приведен и задржан во полициската станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип