Ромелу Лукаку изедначи достигнување на Кристијано Роналдо, од периодот кога тој го носеше дресот на Манчестер Јунајтед. Белгиецот постигнаа два гола во историската победа од 3:1 над ПСЖ, која ги рангираше „црвените ѓаволи“ во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Така Лукаку запиша „дабл“ во трет меч по ред.
Лукаку ја започна својата добра серија против Кристал Палас, а во саботата постигна два гола против Саутемптон. 25-годишниот напаѓач е првиот играч на Јунајтед по Роналдо, кој забележува слично достигнување.
Роналдо успеа да направи „дабл“ во три последователни натпревари за Јунајтед пред 13 години, почнувајќи ја својата серија против Астон Вила во декември 2006 година, а потоа ги затресе мрежите на Виган и Рединг.