Натали Лоазо: Нема статус кво на Балканот

Од:

Француската министерка за европски прашања Натали Лоазо по посетата на Северна Македонија и Србија во интервјуто за весникот „Ла Кроа“ вели дека на „Нема статус кво на Балканот“, формула која ја позајмува од еден нејзин соговорник во Северна Македонија.

Според Лоазо, Франција има намера да се врати во Западен Балкан, кој стана „мртов агол на француската дипломатија”, јавува дописникот на МИА.

Весникот „Ла Кроа“ уште во својот вовед на интервјуто нагласува дека Франција беше долго отсутна на Балканот, како потврда на тоа е фактот што ниту еден француски министер не ја посетил Северна Македонија во изминатите четири години. Запрашана од новинарката на „Ла Кроа“ Мари Вердие, конкретно за Северна Македонија, по постигнатиот компромис за името со Грција, сега со инсистирање повикува да започне преговори за членство во ЕУ, и ако се разочара земјата дали тоа е ризично, Лоазо смета дека „нема смисла однапред да се утврдуваат датуми“ за преговори, нагласувајќи дека земјата се наоѓа само на почетокот од реформите.

-Јасно дека во земјата постои јасна разлика пред и по договорот од Преспа, но и огромна гордост дека е постигнато помирување со сите соседи. Консензусот е посилен од очекуваното. Опозицијата, која беше многу против него, нема да го става во прашање договорот, вели француската министерка за европски прашања.

Земјата, според Лоазо, сега сака да направи напредок во реформите и бара да биде охрабрена со отворањето на пристапните преговори.

-Но, поставувањето на датуми однапред нема смисла. Македонските власти го знаат ова и велат: не е момент да заспиеме. Досега сите нивни напори беа вложени во Преспанскиот договор. Ние сме само на почетокот на реформскиот процес, нагласува француската министерка за европски прашања.

Натали Лоазо, објаснува дека 27-мината имаат различни гледни точки за проширувањето, сите се согласни да се зголеми помошта и партнерствата со земјите од Западен Балкан.

-Ние имаме многу заеднички интереси и заеднички проекти, како во програмата Еразмус+, така и во борбата против трговијата со оружје со мал калибар, вели таа.

Запрашана од „Ла Кроа“ за евентуалната размена на територии меѓу Белград и Приштина, за решавање на статусот на Косово, и дали тоа може да доведе до продолжување на етничкото чистење, француската министерка задолжена за Европа, одговара:

„Не се земјите од надвор тие кои треба да одлучат за решавање на разликите. Ние не утврдуваме црвени линии на местото на страните. Да се зачува отворена рана Косово, не е решение. Балканските земји се тие кои треба да ги решат нивните разлики. Ако се покаже дека има прифатливо решение за Белград и Приштина, со природа да се фаворизира мирот, тогаш кои ќе бидеме ние за да кажеме дека тоа не е мирот кој ние го сакаме? Ова под резерва дека стабилноста на регионот биде гарантирана, посебно интегритетот на Босна и Херцеговина“.

Како знак на поддршката и враќањето на француската дипломатија на Балканот, кој беше „нејзин мртов агол“ Лоазо ја наведува идната посета на македонскиот премиер Зоран Заев на Франција во текот на оваа година.

Потоа таа го наведува договорот потпишан со Белград за инсталирањето во Белград на Француската агенција за развој, која треба да зрачи во регионот, но според неа Србија треба да излезе од сивата листа на ризични земји во областа на перењето на парите. Со други зборови Франција е подготвена да инвестира на Балканот.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија