Водостоите на реките во Македонија се под просекот за месец март. Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, потпросечни се нивоата на Вардар кај Јегуновце, кај Скопје, кај Велес и Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Крива Река кај Крива Паланка, на Црна Река кај Новаци, на Црни Дрим кај Ложани и на Сатеска кај Ботун.
Според денешните мерења на УХМР, водостојот на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро е во рамки на просекот за март.