За прв пат во историјата, само женски екипаж ќе замине во вселената на прошетка до Меѓународната вселенска станица, потврди НАСА, пренесува Си-ен-ен.
Како дел од експедицијата 59, астронаутитe на НАСА Ен Мекклајн и Кристина Коч ќе ја изведат прошетката на 29 март. Ќе бидат поддржани од земја од страна на контролорот за летање Кристен Фачио, од канадската вселенска агенција, која ќе биде на конзолата во Вселенскиот центар на НАСА, „Џонсон“ во Хјустон.
„Токму што дознав дека ќе бидам на конзола за пружање поддршка за првата женска вселенска прошетка и не можам да ја сокријам возбудата“ напиша Фачио на Твитер.
„Како што моментално е предвидено, на 29 март, ќе биде прва вселенска прошетка само на жени“ изјавила портпаролката на НАСА, Стефани Широлц.