Скандалот со коњско месо ја зафати и Австрија

Од:

Скандалот со коњско месо ја зафати и Австрија, откако Агенцијата за здравје и безбедност на храната во производот „Тортелини со говедско месо“ пронајде коњско месо.

Во производот од Германија, кој се продава во маркетите „Лидл“ е откриено коњско месо, кое не е наведено во составот на производот.

„Лидл“ започна акција за повлекување на овие производи.

– Несоодветно декларираната стока мора да биде повлечена од продажба, истакна портпаролот на Министерството за здравје на Австрија Фабиан Фусајс.

Скандалот со коњско месо во Европа го предизвика фирмата „Спангеро“ од Франција, која призна дека во изминатите шест месеци за своите производи употребила 750 тони коњско месо од Романија.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник