Заев-Колер: Резултатите на социјален и економски план се добар аргумент за пристапните преговори со ЕУ

Од:

Резултатите на социјален и економски план ќе бидат добар аргумент и за пристапните преговори со ЕУ, особено за поглавјето 19 кое се однесува на социјалната политика и вработувањето, е оценето на денешната средба на помошник генералниот директор на Меѓународната организација на трудот (МОТ), Хајнц Колер со премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Владината прес- служба информира дека на средбата се поздравени позитивните политички промени по Договорот од Преспа, што резултирало и со резултати во економско-социјалната сфера.

– Република Северна Македонија стана надежна земја во регионот. НАТО интеграцијата е почната. Очекуваме, во јуни, отворање на преговорите со ЕУ. Тоа за нашата држава значи стабилност и безбедност, но значи и подобрување на начинот на живот на граѓаните. Посветени сме на програми за зголемување на животниот стандард, што сега, поради позитивната клима во државата, има услови да се реализираат. Нашата цел е мотивирани работници и мотивирани граѓани. Очекуваме да ја постигнеме целта што си ја поставивме, а ја ветивме и на граѓаните, развој на државата на социјален и на економски план, истакнал Заев.

На средбата се разгледани можностите за помош и размена на искуства од МОТ во делот на стекнување вештини и подобрување на вештините за работа на работниците. Разговарано е и за значењето на конференцијата што ја организира МОТ во јуни во Женева на која се очекува да присуствуваат претставници на високо политичко ниво од земјите од ЕУ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски