Вечери на женски права „Размислувај еднакво, гради паметно, со иновација за промена!“

Од:

Од денеска до 8 март ќе се одржи десеттото јубилејно издание на „Вечерите на женски права“ во знак на овогодинешната тема за одбележување на Меѓународниот ден на жената – 8 Март „Размислувај еднакво, гради паметно, со иновација за промена!“.

Фокусот е на лидерките во индустријата, на start-up-и кои прават промена, социјални претприемнички, активистки и жени иноваторки, изнаоѓање начини преку кои иновацијата може да ги премости пречките и да го забрза прогресот кон родовата еднаквост.

Организатор на настанот е Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА Скопје, а настанот се реализира под покровителство на Град Скопје, со поддшка на UN Women – Тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените, во партнерство со Институтот за родови студии – Филозофски факултет Скопје и Шведската амбасада во Скопје.

Програмата ќе се одвива во текот на три дена – 6 и 7 март во Кинотеката на Македонија и на 8 март во Младинскиот Културен Центар (Галерија и Кино Фросина). Влезот за сите три вечери е слободен.

Би можело да ве интересира

Марш за женски права: Жените и девојките се соочуваат со колективна негрижа

Ана Ололовска

Марш за женски права во Скопје: „Не сакаме тава, сакаме права“

Ана Ололовска

По 13-ти пат „Вечери на женски права“ на повеќе локации во Скопје

Ана Ололовска

Проекција на три документарни филмови во Кинотека во рамки на „Вечери на женски права“

Ана Ололовска

Дванаесето издание на „Вечерите на женски права“ по повод Меѓународниот ден на жената

Ана Ололовска

Марш за женски права: Родовите стереотипи да се решаваат во семејството, образованието и во институциите

А1он