ВИДЕО: Плафон од тоалет падна во „Стив Наумов“

Од:

Плафон од тоалет ноќеска по полноќ паднал во студентскиот дом „Стив Наумов” во Скопје. Студент кој престојувал во собата, во која се наоѓал тоалетот преграден со гипс картон, вели дека ова не е прв ваков случај, а заедно со неговите цимери стравува дека доколку не се реагира може некој да настрада. Во моментот кога паднал плафонот имало тројца студенти.

„На спиење, ноќеска околу 2 часот по полноќ, падна плафонот кој е граден од трска. Така се правени сите плафони. Гипс, трски и вода не може да издржи, оти од пареата кондензира и по три години паѓа. Ова го знае секој, а никој не презема активнсти за да се превенира на време”, вели студент од домот за „А1он“.

На прашање, како им се гарантира безбедноста во домот, доколку конструкцијата на плафоните попушта, студентот вели „Се е оставено на господ“.

Откако се случил инцидентот, службите од домот ги запреле вентилите, бидејќи од подот биле скинати цревата за вода од чешмите. Утрово пак, двајца хаус мајстори ја расчистиле водата, ја промениле санитаријата и ветиле дека до утре тоалетот ќе биде саниран.

Студентите од домот „Стив Наумов“ повикуваат што побрзо да се реши овој проблем, бидејќи истиот се провлекува и продлабочува низ годините.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Сите девет државни студентски домови ќе бидат реновирани, за почеток „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје

Предраг Петровиќ

Владата издвои пари за подмирување режиски трошоци на 19 студентски и ученички домови

Жарко Настоски

Студентските домови отвораат, објавен распоред за вселување

Ана Ололовска

Студентските домови со редуциран број станари, надомест за оние кои нема да бидат примени

Ана Ололовска

Владата ќе им плаќа приватно сместување на над 1.200 студенти кои поради мерките ќе останат без место во домовите

Жарко Настоски

Продолжен рокот за аплицирање за сместување во студентските домови

Ана Ололовска