Деновите на Лук Волтон во Лејкерс се изброени

Од:

Лук Волтон ќе биде ослободен од тренерската позиција во Лос Анџелес Лејкерс по крајот на сезоната, соопштува „Њујорк Тајмс“.

Претходно во сезоната, Меџик Џонсон изрази поддршка кон сегашниот тренер на тимот, откако сподели дека тој нема да биде отпуштен, освен ако не се случи „нешто драматично“, но до денес ситуацијата е радикално поинаква и по се изгледа дека деновите на Волтон во Лос Анџелес се изброени.

Изданието додава дека меѓу тренерските средини во НБА упорно се тврди дека по крајот на сезоната, Волтон ќе биде ослободен, без разлика дали „езерџиите“ ќе се квалификува за плеј-офот или не.

Во моментов шансите на Леброн Џејмс и компанија да се изборат за осмото место на Западот не изгледаат особено реални и тие се наоѓаат на десеттото место на табелата со биланс 30-34.

Осмиот во рангот, Сан Антонио е со скор 36-29, а Сакраменто се наоѓа на деветтото место со 32-31.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот