Почна годишната сесија на кинескиот Парламент

Од:

Речиси 3.000 кинески делегати од цела држава денеска присуствуваат на годишната сесија на Националниот народен конгрес на Кина.

Работата на законодавниот дом ќе продолжи до следната недела, при што ќе се разговара за политиката и приоритетите на Кина и покрај тоа што поголемиот дел од предлог законите се усогласени од лидерите на Комунистичката партија.

На првиот ден од сесијата присуствуваат 2.984 делегати, на кој е предвидено премиерот Ли Кечијанг да ги соопшти економските планови.

Две третини од членовите на Националниот народен конгрес се членови на владејачката Кинеска комунистичка партија, која е на власт од 1949 година.

Делегатите се состануваат еднаш годишно за да ги изгласаат големите предлог закони, да го одобрат буџетот и да изгласаат номинации. Постојаниот комитет има средби секои два месеца за да изгласа други предлог закони и амандмани.

Минатата година во кинескиот законодавен дом 2.958 делегати гласаа „за“, а двајца се изјаснија „против“ претседателот на Кина, Си Џинпинг да остане на власт до крајот на животот.

Најважна точка на дневниот ред е Законот за странски инвестиции, што се очекува да биде изгласан на 15 март, последниот ден од работата на Парламентот.

 

Би можело да ве интересира

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина