Јанис и официјално еден од најголемите европски кошаркари во историјата

Од:

Грчкото крило на Милвоки, Јанис Адетокумбо се нареди до најголемите имиња во историјата на европската кошарка, откако за прв пат во својата кариера ја освои наградата „Евроскар“, која секоја година се доделува од „Газета дело Спорт“ за најдобар европски кошаркар. Наградата се доделува од 1979 година наваму, а рекордери со по шест освоени награди се легендарните Арвидас Сабонис и Дирк Новицки.

Во текот на годините, наградата е освојувана од легенди како Владимир Ткаченко, Дражен Далипагиќ, Драган Кичановиќ, Дино Менегин, Дражен Петровиќ, Никос Галис, Тони Кукоч, Грегор Фучка, Пеџа Стојаковиќ, Тони Паркер, Пау Гасол, Андреј Кириленко, Марк Гасол, Милош Теодосиќ и Горан Драгиќ. Токму Драгиќ беше носител на наградата за 2017 година, а Јанис го наследи, откако е прогласен за бр.1 на минатата 2018 година.

Во гласањето на италијанскиот весник, Адетокумбо ги надмина Лука Дончиќ и Никола Јокиќ кои останаа втор и трет. Лидерот на Милвоки е вториот грчки кошаркар во историјата кој го освои „кошаркарскиот „Оскар“ по Никос Галис во 1987 година.

Дваесет и четири годишниот кошаркар има одлична сезона и е меѓу кандидадите за MВП во НБА, со просечни 27.0 поени, 12.6 скока, 6,0 асистенции, 1,5 блока и 1,4 одземени топки до моментов во кампањата. Во сезоната 2017/2018 тој повторно импресионира со просек 26.9 поени, 10.0 скока и 4.8 асистенции на дуел.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on