Гуаидо се врати во Венецуела

Од:

Опозицискиот лидер на Венецуела Хуан Гуаидо, како што вети, денеска се врати во земјата.

Гуаидо, кој се самопрогласи за привремен претседател на Венецуела и беше признат од педесетина земји, пристигна со авион на аеродромот во престолнината Каракас, каде што беше пречекан од свои поддржувачи. Меѓу нив беа и амбасадорите на неколку европски и латиноамерикански држави.

– Веќе сме во нашата сакана земја! Венецуела, ние само што ја поминавме миграциската контрола и тргнавме кон нашиот град, напиша Гуаидо на Твитер.

Венецуелскиот опизициски лидер ризикуваше апсење, бидејќи излезе од земјата и покрај забраната да ја напушти територијата.

Во порака што ја објави пред враќањето во Венецуела, Гуаидо го предупреди претседателот Николас Мадуро дека ако се обиде да го уапси тоа ќе биде една од неговите последни грешки.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски