Холандија го повлече амбасадорот од Иран, зголемени тензиите меѓу двете земји

Од:

Холандскиот министер за надворешни работи Џеф Блок го отповика амбасадорот во Иран откако Техеран протера двајца дипломати од холандската амбасада, со што се зголемија тензиите помеѓу двете земји.

Блок во писмо до Парламентот наведе дека минатиот месец на иранскиот амбасадор во Хаг му соопштил дека протерувањето на дипломатите било недозволиво и негативно за билатералното партнерство.

Холандската Влада минатата година протера двајца Иранци поради сомневање дека Техеран бил вмешан во двојно убиство на холандско-ирански државјани. Во тоа време не е наведена никаква причина за протерувањето, но холандската Влада својот потег на почетокот на годинава го објасни со порака дека протерувањето, во координација со ЕУ, било одговор на наводни прикриени ирански активности во Европа.

Во јануари ЕУ ја стави Иранската разузнавачка служба и двајца официјални претставници на својот список на терористи поради сомневање дека биле вмешани во атентати и заговори за убиство на опозициски активисти во Данска, Франција и Холандија.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он