СДСМ: Победата на Пендаровски ќе биде победа на концептот едно општество

Од:

„Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски е потврда на концептот промовиран од СДСМ за изградба на едно општество за сите во напредна, евро-атлантска Република Северна Македонија, држава рамноправен партнер на демократскиот свет.

За првпат во историјата 30 партии од различни етнички заедници, од различни политички определби се обединија и застанаа зад еден кандидат кој обединува, кој е подготвен да ја води државата напред кон полноправно членство во НАТО и интеграција во ЕУ.

На претстојните избори, граѓаните ќе изберат вистински претседател на сите граѓани, претседател кој е противник на поделби и изолации, претседател кој ќе застане заедно со демократските и прогресивни сили и кој ќе ја промовира Северна Македонија како глобална и праведна земја.

Претседател кој ќе биде конструктивен и принципиелен партнер во започнатите реформски, интеграциски и економски процеси што се во интерес на граѓаните.

Затоа граѓаните масовно ќе излезат на претседателските избори и ќе изберат заедништво, иднина, ќе изберат да продолжиме да одиме напред.

Победата на Стево Пендаровски на претстојните избори ќе биде уште една победа на концептот едно општество, победа на нашиот заеднички пат кон напредок, развој и интеграција“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните