Колумбија одлучи да воспостави дипломатски односи со Косово

Од:

Министерството за надворешни работи на Косово објави денеска дека вицепремиерот и шеф на дипломатијата Беџет Пацоли примил писмо од неговиот колумбиски колега Карлос Холмес Трухило Гарсија, кој го информира за одлуката на неговата Влада за воспоставување дипломатски односи со Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Со ова, се вели во соопштението, „се овозможува постојана комуникација на највисоко ниво меѓу двете земји, со размена и на амбасадори“.

– Со отворањето на Амбасадата во Богота, Косово тежнее покривање и нерезидентно дипломатско претставување и во другите држави на јужноамериканскиот континент, соопшти косовското МНР.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пропадна и осмиот обид за избор на претседател на косовското собрание

Прогласена вонредна состојба во Колумбија: Се шири опасна епидемија на вируси

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

Колумбија: Ослободени од заробеништво 28 полицајци

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски