Почна конгресот на СДСМ за потврда на кандидатурата на Пендаровски

Од:

Започна 23.конгрес на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, на кој ќе биде потврдена кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на државата на претстојните избори.

Како што е предвидено, на отворањето на Конгресот обраќање ќе има премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, додека работниот дел ќе биде затворен за јавноста. На крајот на конгресот, кој повторно ќе биде отворен, ќе се обрати избраниот кандидат за претседател.

Стево Пендаровски доби поддршка да биде заеднички претседателски кандидат на 31-на политичка партија од коалицијата предводена од СДСМ, владината коалиција и сите поддржувачи на концептот за заеднички кандидат за претседател на државата.

Денеска ќе се одржи и седница на Централниот совет на ДУИ во Мала Речица, на која ќе се разговара за претседателските избори, конгресот на младината на ДУИ, конгресот на форумот на жените на ДУИ, како и за процесот на рирегистрација на членството.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната